Понудената оставка од Филипче е изнудена поради притисокот од народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
280 прегледи

„Понудената оставка од Филипче е изнудена поради притисокот од народот. Партиските инструкции за одбрана на Филипче по социјалните мрежи покажуваат дека Заев несериозно ја сфаќа задачата околу тетовската несреќа“, соопштуваат утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Истрагата може да биде објективна само ако и Филипче, и Артан Груби и Заев си дадат оставка за да нема политичко влијание во самата истрага во која згаснаа 15 животи.

Заев да не се крие, туку да излезе и даде одговори. Молкот внесува недоверба и покажува дека се заташкуваат и прикриваат докази“, додаваат од партијата на Мицкоски.