ПОПГМ: Лажни анкетари бараат податоци од пензионери во Кисела Вода

од desk3
101 прегледи

Лажни анкетари ги посетуваат домовите на пензионерите во скопската општина Кисела Вода на кои им доставуваат „прашалници“ во кои им ги внесуваат личните податоци најверојатно со намера да им ги „украдат“ заради вршење изборни манипулации или за други криминални цели, велат од Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ).

popgm-620x360

Анкетарите се претставувале дека се ангажирани од Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија. Тие пополнувале прашалник во кој, покрај другото, внесувале одговор за користење бањско лекување, барале матични броеви, број на личната карта и број на полнолетни членови во семејството.

„Информирајќи ја јавноста за ваквата појава ги потсетуваме пензионерите дека ваквите „анкети“ не се законски дозволени и дека обично се наменети за остварување на криминални цели, а во период на изборна кампања за вршење притисоци врз изборната волја на избирачите. Ги охрабруваме пензионерите секој ваков случај да го пријават во најблиската полициска станица, со цел да се спречат обидите за злоупотреба на личните податоци за незаконски влијанија и притисоци врз пензионерите поврзано со изборниот процес или за остварување на нивни други криминални цели“ се вели во партиското соопштение.

 

META