Попишани над 400 000 граѓани

од Берта Китинска
177 прегледи

Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо.Во текот на вчерашниот ден, 12 септември, беа попишани 111 186 лица, соопштија од ДЗС.

-Државниот завод за статистика уште еднаш ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.Попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираме до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци.Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас!, соопштија од ДЗС.

Слични содржини