191
Денеска е 23-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште три дена пописни активности.
Заклучно до вчера попишани се вкупно 1 540 301 лице, 479.806 домаќинства и 670.988 станови.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 197 033 граѓани од дијаспората.
Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на ОВОЈ линкот.