Пописот на населението во Црна Гора, согласно законот, треба да започне на 1 ноември, а подготовките се одвиваат со полн интензитет, изјави денеска црногорскиот министер за финансии Александар Дамјановиќ и посочи дека нема теоретски шанси процесот да биде попречен.
„Потребно е да се постигне максимален фокус, имајќи ја предвид политичката позиција во која се наоѓа Црна Гора. Без разлика на политичкиот дискурс, активностите на Пописот се одвиваат со полн интензитет. Преку буџетот ги обезбедивме сите средства и технички претпоставки“, рече Дамјановиќ на седницата на Владата.
Неопходно е, додаде, до крајот на Пописот, фокусот да биде ставен на сите институции кои придонесуваат во процесот.
Законот за Попис на населението беше усвоен од Собранието на Црна Гора во декември минатата година.