201
Прeтпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне и кон крајот на денот променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. УВ=6.Во Скопје променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.