Попладневниот земјотрес бил со јачина од 5 степени според Рихтер

од Nikola Popovski
307 прегледи

По силниот земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтеровата скала кој ја разбуди земјава околу 5 часот утринава,  Европскиот медитерански сеизмолошки центар регистрираше уште еден силен земјотрес од епицентралното подрачје Гостивар – Тетово.

„Според досегашните податоци, земјотресот во 15:25 часот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, Дебар и Кичево со интензитет V, во Тетово и Скопје со IV степени, а во Струга, Охрид, Битола, Прилеп и околината со III-IV степени според истата скала“, соопшти Опсерваторијата.

Освен вознемиреност кај граѓаните засега не се регистрирани други штети. Утринскиот земјотрес ги вознемири и животните во скопската зоолошка градина. На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се слушаат крици кои доаѓаат од животните во зоолошката.

Слични содржини