Поплавен дел од „Јужен булевар“

од desk2
214 прегледи

Соообраќајот на „Јужен булевар“ во Скопје од изутринава се пренасочува по улицата „Јордан Мијалков“.

Пренасочувањето е поради насобрана поголема количина на вода зад Трговскиот центар „Рамстор“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека се работи за дефект со канализацијата, кој утрово бил пријавен. На терен се две цистерни.