316
Најмалку пет лица загинаа, а тројца се водат за исчезнати во поплавите и одронот на земјиштето од силниот дожд во северна Турција.
Силен дожд синоќа ја погоди турската провинција Риза на брегот на Црното Море, каде спасувачките екипи трагаат по три исчезнати лица.
Стотици луѓе беа евакуирани.
Десетици села немаат струја поради лошите временски услови.
Турскиот брег на Црното Море често е цел на влијание на обилни врнежи од дожд и поплави.