Поплави и свлечишта во Бразил: Најмалку седум лица загинаа, девојче спасено по 16 часот

од Симе Стоиков
247 прегледи

Најмалку седум лица загинаа по поројните дождови кои доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во Рио де Жанеиро, соопштија денеска локалните власти.

Спасувачките служби соопштија дека четиригодишното девојче било спасено по повеќе од 16 часа поминати под калта.

Таа е извлечена жива и здрава во градот Петрополис, кој се наоѓа на околу 70 километри северно од Рио де Жанеиро. Нејзиниот татко починал кога одрон им ја урна куќата, а девојчето преживеало бидејќи ја заштитил со своето тело, изјавија членовите на спасувачката екипа.

Вкупно се спасени околу 100 луѓе, соопштија властите.

Спасувачките тимови беа принудени да ја прекинат операцијата во петокот вечерта поради ризикот од дополнителни лизгања на земјиштето во регионот.

Слични содржини