ПОПЛАВИ ВО ГЕРМАНИЈА: Бројот на мртви и исчезнати расте (ВИДЕО/ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
410 прегледи

Невреме ја зафати Западна Германија, а поради обилните дождови и поплави, шест куќи се срушија. Расте бројот на исчезнати и повредени.

Според германските медиуми, најмалку девет лица загинале, а бројот на исчезнати се искачи на 70 лица.

Портпаролот на полицијата во Кобленц потврди дека, според претходните податоци, шест лица го загубиле животот под засега неидентификувани околности. Нивните тела биле пронајдени на различни места.

Други 25 куќи се изложени на ризик од уривање во областа Шулд кај Аденау, јави телевизијата СВР повикувајќи се на локалната полиција, пренесува „Билд“.

„Пожарникарите и спасувачите се испратени на бројни места. Сè уште немаме точна слика за ситуацијата бидејќи во тек се операции за спасување“, изјави портпаролот на полицијата.

Некои места се отсечени од светот поради надојдените води. Многу граѓани се искачија на покривот на своите куќи чекајќи спасувачките екипи да стигнат до нив со чамец.

Слични содржини