Тунелите во метрото во Њујорк станаа канали, а градот се соочува со голема борба против поплавите, кои ги зафатија и улиците на Менхетн и заробија автомобили, по обилните дождови што го зафатија овој дел на Америка.
Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат дека жителите на Њујорк се обидуваат да се пробијат низ водата која им е до појас до станиците на метрото, како и големите улици, вклучувајќи го и автопатот „Мајор диган“, кои се под вода.
– Ова изгледа како аква парк – напиша еден корисник на Инстаграм, со објавено видео од поплавена метро станица.
Њујоршките власти објавија дека се прави се за да се санираат поплавите и да се исчисти сè по врнежите, и ги предупредија патниците да не влегуваат во поплавените станици.
Игнорирајќи го тоа предупредување, некои граѓани се завиткаа во пластични кеси за ѓубре, залудно обидувајќи се да останат суви и тргнале кон возовите.
Голем број патишта беа преплавени со каллива вода, заглавувајќи некои возила. Добар дел од улицата Френклин Рузвелт беше поплавен, иако некои возачи успеаја да се пробијат.
Meanwhile, in New York… pic.twitter.com/47Ib9apKbY
— philip lewis (@Phil_Lewis_) July 8, 2021
Њујоршката полиција веднаш го испрати својот тим за итни случаи на терен, кој им помогна на возачите да излезат од поплавените делови на патиштата.
Поплавите уследија по неколкучасовно невреме во четвртокот попладне и беше најавено дека ситуацијата ќе продолжи да се следи, поради можноста од поплави. Неколку окрузи во Њујорк се исто така погодени од поплавите – Бронкс, Менхетен, Квинс и Бруклин.
I would avoid the FDR north unless you’re wearing a life jacket. pic.twitter.com/RRHRrVUsdN
— David Lennon (@DPLennon) July 8, 2021