Попоски: Реконструкција на објектот „Мала станица“ и изградба на спомен куќа на Лазар Личеноски

од Vladimir Zorba
114 прегледи

poposki

Во делот на културата и уметностите имаме предвидено изградба на капитален проект Национална галерија која би била дом на сите дела на најпознати македонски автори, изјави денес Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ кој е носител на листа во првата изборна единица.

– Предвидена е и реконструкција на објектот „Мала станица“, би го издвоиле и проектот за изградба на спомен куќа на Лазар Личеноски каде би биле групирани сите дела на овој познат македонски автор, истакна Попоски.