Денес е меѓународниот ден на млади, иако мојата прва намера беше да го честитам овој ден во мое име и во име на УМС, но во последните години владеење на СДСМ и ДУИ освен ветувања и лаги немаат ништо друго понудено на младите, изјави Сергеј Попов, претседател на младината на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, по последните години и покрај несреќните изјави дека учениците, студентите и младите се приоритет, можеме да го видиме само спротивното.
-Ветуваа студентски градови, а од сликите кои стигаат до нас од студентите може да видиме дека шајка немаат заковано во веќе постоечките студентски домови. Ветуваа поквалитетно образование, а во последните години освен слободен пад на ранг листите на државниот универзитет ништо се нема променето. Ветуваа младинска гаранција, а се почесто гледаме дека патот од клупите и амфитеатрите до работните места е невозможна мисија. Оставаа чевли, манипулираа со чувствата, ветуваат бројчаници, а реалната слика е дека секој ден некој млад човек го пакува целиот свој живот во два куфери и си заминува од Македонија, рече Попов и упати повик до сите млади, да се приклучат во битката.