Поповиќ и судијката која ѝ го одзеде старателството на Северина во ист хотел на зимување?

од Elena Daskalova
372 прегледи

Поранешниот сопруг на Северина, татко на нејзиниот син, со детето беше на скијање во Австрија и беше сместен во познат австриски хотел кај скијачкиот центар.

Она што ги разгоре хрватските медиуми е дека во исто време таму престојувала и судијката Теа Голуб, која инаку го води неговиот случај и ѝ го одзеде старателството на Северина, за да му го додели на Поповиќ.

Судијката потврди дека била на скијање во Австраја и била сместена во ист хотел во Австрија со Милан Поповиќ.

– Ние во хотелот пристигнавме во сабота на четврти јануари и не сум сигурна дали се сретнавме истата вечер или следниот ден во предворјето на хотелот.

Станува збор за познат хотел во едно австриско скијалиште. Хотелот е идеален за родители со деца, бидејќи за нив има доста содржини. Фотографиите на хотелот можете да ги видите тука. Според „Букинг“ една недела сместување во овој хотел за две возрасни личности и едно дете чини 3.000 евра.

Судијката кажала дека таму била со своите родители.

– Бев со семејството, а тој беше со детето и со поголемо друштво. Сигурно се поздравивме четири-пет пати, бидејќи се среќававме во тој хотел каде има еден ресторан, но никогаш не седевме на иста маса, освен што се поздравувавме од куртоазија – изјавила Теа за „Јутрани лист“.

Милан Поповиќ изјавил дека бил среќен што успеал да помине незаборавен викенд со синот.

– Среќен сум што успеав со синот да поминам незаборавен одмор во тој преубав хотел. Тоа што е јавно, не е тајно – рекол Поповиќ за „24сата“.

Слични содржини