Поповска на состанок со лидерите на “Зелените” од Европа

од desk4
108 прегледи

Претседателката на Демократската обнова на Македонија (ДОМ), Лилјана Поповска во Брисел учествува на дводневен состанок на лидери на Зелените партии од Европа, што е прво вакво присуство откако партијата минатиот ноември стана полноправна членка на оваа групација европски зелени партии.

images (43)

Како што соопшти партијата на Попоска, на собирот се очекува да се дискутира околу градењето заедничка стратегија за дејствување на планот на екологијата, социјалната правда и одржливиот равој.

Овие теми и приоритети што треба да се донесат, всушност, се противтежа на популистичките, ретроградни движења, помогнати и поддржани од големите мултинационални компании кои за остварување на своите интереси постојано ја уништуваат животната средина, ја нарушуваат климата и влијаат врз нејзините промени, се наведува во партиското соопштение од ДОМ.