Поповска – Оер: Изборите би можеле да се одржат во октомври со поддршка од меѓународната заедница

од desk3
91 прегледи

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска денеска оствари официјална средба со француската амбасадорка во Република Македонија, Лоренс Оер. Во разговорот станало збор за актуелната политичка криза и за можните скорешни решенија.

20160602_110921-670x1191

„Поповска ја посочи неопходноста од одржување фер и демократски избори со кредибилен избирачки список,за чие прочистување е потребна поддршка и од меѓународната заедница. Во тој случај изборите би можеле да се одржат во октомври, со што би се излегло од кризата и би се овозможило нормално функционирање на институциите. Неприфатливо е да се оди на избори со список, кој наместо да се прочисти, се зголеми за нови 135.000 лица.

Поповска ја нагласи и неопходноста од кординација и вклученост во процесот за надминување на кризата и на други партии и граѓански организации.

На средбата стана збор и за посветеноста на Франција за заштита на животната средина и одржливиот развој, за што дава силна поддршка и на многу иницијативи од нашата земја“, стои во соопштението од ДОМ.