Поповски: Денес сме во иста позиција како и пред потпишувањето на договорот со Грција

од Берта Китинска
361 прегледи

Подобро е да немате договор со Бугарија кој ќе ве обврзуваат и кој ќе ви созадва проблеми, вели поранешниот министер за надворешни работи, Никола Поповски во Студио 10 на ТВ24.

„Може да замислиме дека Германците ќе ги притиснат Бугарите, тие ќе попуштат, но тука работата не е завршена. Но дали тоа ќе ја промени крајната цел на Бугарија, тука лежи вистинскиот проблем. Не гледам дека Заев и Османи одат со дефанзива во Бугарија. Тоа што сте потпишале нешто не ја сменило крајната цел кај другиот. Подобро да не потпишете. Нас никој не ни го бараше Договорот со Бугарија во 2017-та. Денес сме во иста позиција како и пред потпишувањето на договорот со Грција. Тие (власта) гледале само да добијат симпатии кај народот“ вели Поповски.

Слични содржини