Поповски до Заев: Ако испорачата отчетност ќе ве поддржиме и за втор мандат

од desk3
82 прегледи

Поповски од собраниската говорница на собраниската седнца на која се избра новата влада му порача на  Заев, дека оправдано или не,  мора  да ви се честита. Сега од вас се очекува да направите добро дело, нешто да промените, но во иднина многу аргументирано ќе ве потсетуваме што најавивте, а што исполнивте. 

 

“Ветивте дека ќе има правда за сите, фер однос и правични институции, а дека тоа ќе го спроведете преку отчетност и контрола на ова Собрание. Јас се согласувам и ако ова го испорачате ние ќе ве поддржиме и за втор мандат. Но, ако денот по утрото се познава тогаш уште во првиот чекор покажавте дека сакате да ги отфрлите парламентарните начела. Најдобриот одговор во овој контекст е дека целта ги оправдува средства”, рече пратеникот Попоски.