На својот Фејсбук профил Тони Поповски поранешен министер за животна средина и просторно планирање напрацви споредба на „факти“ поврзани со ФОРБС кој е омилениот магазин на опозицијата деновиве.
-Први 10 жаришта во светот (податоци од сабајлево од worldometers.info) според активни случаи – заразени лица како процент од вкупно население и место на ранг листа на Форбс:
1.Катар (0.93%): рангиран од Форбс на 26 место од 200 држави
2. Бахреин (0.35%):рангиран на 23 место
3. САД (0.34%/): рангирани на 58 место
4. Перу (0.32%/); рангиран на 96 место
5. Ерменија (0.30%): рангирана на 81 место
6. Белгија (0.28%): рангирана на 78 место
7. Кувајт (0.27%/): рангиран на 21 место
8. Белорусија (0.26%): рангирана на 63 место и Оман (0.26%) рангиран на 33 место
10. Сингапур (0.23%), до вчера се мачеше со втор бран е рангиран на високо 4 место
Македонија со 0,06% на во моментов заразени лица од вкупно население, што е скоро 4 пати помалку од десетото глобално жариште Сингапур – кој е рангиран 4ти кај Форбс а ние на 103 место!?Бројот на активни случаи е еден од 4-те „крунски“ индикатори на пандемија заедно со број на заразени (и новозаразени), опоравени и починати. Од страна на Форбс се користени 130 параметри но не и индикаторот за активни случаи (кој % од населението е заразено во моментов)!?Една каша попара од 130 параметри, 6 категории на индекси па дури потоа рангирање, без податок во Извештајот за факторирање на параметри и начин на пресметување на кумулативен индекс за секоја од 6те категории.
Извештајот го има подготвено Deep Knowledge Group https://www.dkv.global/covid-19/full-report а го има превземено новинар на Форбс.Се работи за конзорциум на фирми и НВОа чиј газда е Дмитри Камински – олигарх од Молдавија познат по сонот да се победи смртта и инвеститор во биотехнологии и се што може да го продолжи животот односно да не направи бесмртни, пишува Поповски.