Популарен актер доживеал тешка несреќа додека чистел снег

од Nikola Popovski
261 прегледи

Новата година не започна баш најдобро за актерот Џереми Ренер, кој е најпознат по улогата во филмот „The Bourne Legacy“ и во серијалот на Marvel, претставен како „Hawkeye“.

На 1-ви јануари актерот доживеал несреќа, за која никому не му е јасно како точно се случило.

Според медиумите, до немилиот настан најверојатно дошло додека чистел снег пред својата куќа, по што итно бил префрлен во болница, а неговиот ПР објавил дека Џереми не е во животна опасност, но се здобил со сериозни повреди во несреќата „поврзана со временските услови“.

Американските медиуми јавуваат дека било толку алармантно што актерот наводно со хеликоптер бил пренесен во болница.

Точната локација на несреќата не е потврдена, но според „Reno Gazette Journal“, актерот има дом во округот Вашо, Невада. Токму таа област беше погодена од силна зимска бура на новогодишната ноќ, оставајќи 35.000 домови во пет окрузи без струја.

Слични содржини