Популарен ТикТокер продал се и се сели на Балканот: „Ќе почнам од Србија, ќе одам со автобус до Македонија, преку Црна Гора…“

од Stefanija Kuzmanovska
476 прегледи

Американецот Џастус Рид е популарен ТикТокер кој за кратко време се „проби“ на оваа социјална мрежа, а на многумина од регионов им е интересен затоа што често пее балкански песни и се снимаше како го прави тоа.

Сега на својот профил објави ново видео каде раскажува како дал отказ, ја продал куќата и како се сели на Балканот.

„Ја напуштив работата, ја продадов куќата и се селам на Балканот. Во јули започнувам турнеја. Ќе почнам од Србија. Ќе одам со автобус до Македонија, преку Црна Гора до Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. Ова патување ќе трае неколку месеци и подготвен сум да видам се што може да се види. Прво треба да го завршам овој автомобил. Имам две недели, молете се за мене“, рекол Американецот.

Во истото видео се појави и неговиот татко кој се пошегува и коментира: „Конечно се ослободивме од него. Сега тој е целосно ваш!“.

Слични содржини