Популарниот јутјубер призна дека ја лажирал смртта на својата девојка

353 прегледи

Џејсон Итер, јутјубер чиј канал JayStation го пратат 5,4 милиони луѓе, призна дека ја лажирал смртта на својата девојка Алексиа Марано. Итер призна дека измислил дека Алексиа загинала во автомобилска несреќа со цел двајцата да добијат повеќе претплатници на заедничкиот канал.

Сега, како што тврди тој, таа сака да му го уништи животот. Јутјуберот, откако илјадници гледачи се посомневале во вистинитоста на објавата дека пијан возач ја усмртил неговата девојка, најпосле признал дека сето тоа било измислено и го тргнал видето во кое зборува како Алексиа е мртва. Пред неколку часа на Јутјуб поставил видео во кое зборува погрдни работи за Алексиа и ја прикажува како љубоморна девојка која сега сака да му го униши животот.

https://www.youtube.com/watch?v=MOGTdKJ0SpI

За потсетување, Итер пред неколку дена објави дека неговата девојка погинала, а со цел да ја измами јавноста дури направил крст и го обележал местото на кое ѝ носел цвеќе и сето тоа го снимал. Бесните гледачи на неговиот канал брзо заклучиле дека сето тоа е измислица и повикале да му се укине каналот.

Слични содржини