Популарниот пејач маскиран до непрепознатливост

од Elena Daskalova

Kaко многу холивудски ѕвезди, популарниот канадски пејач Д Викнд вложи посебен труд да се маскира за Халоуин.

При доаѓањето на забавата за Ноќ на вештерките кај манекенката Кендал Џенер, музичарот подготвено позираше со маската која сите ги остави без зборови. Имено никој не можеше да го препознае маскиран како Џокер, улога која ја играше Џек Николсон во филмот „Бетмен“ од 1989 година во режија на Тим Бартон.
На забавата кај една од најплатените манекенки на денешницата и припадничка на кланот Кардашија, се појави и славната Бела Хадид со која пејачот Д Викнд е во неколку годишна врска со подеми и падови. Бела се реши исто така за лик од Бартоновата верзија на Бетмен – негативката Жена-мачка, која во 1992 година ја играше Мишел Фајфер.

Слични содржини