297
Според последната анкета на „INSA“ спроведена за потребите на „Билд“, Меркел не само што е на прво место како најомилена германска политичарка, туку таа предност во последниот месец ја зголемила и покрај тоа што се повлече од политиката.
Поранешната канцеларка сега има поддршка од 59,3 отсто од граѓаните, што е за три процентни поени повеќе од резултатите од анкетата на 29 ноември.
Вториот најпопуларен германски политичар е министерот за здравство Карл Лаутербах.
Актуелниот канцелар Олаф Шолц и натаму е на третото место со 51 отсто поддршка од испитаниците.