Актерката Миша Бартон важеше за една од најубавите актерки на почетокот на 2000-тите, а денес не е ни бледа сенка на поранешната убавица.
На неа ѝ се случи тоа што и на многу млади холивудски фаци кои прерано се најдоа под рефлекторите.
Миша Бартон беше пример за вистинска тинејџерска ѕвезда чија улога во култната серија „The O.C“. ја лансираше до самиот врв на Холивуд.
Во 2003 година, серијата почна да се емитува, а потоа по три сезони режисерот реши да го исфрли нејзиниот лик и токму тој потег ја исфрли од светот во кој беше дотогаш. Многумина се прашуваа каде е таа и што се случило со убавата актерка.
По популарната серија, ниту еден од проектите во кои таа се појави не беше доволно добар. Набрзо се нашла во виорот на дрога и алкохол, што дополнително влијаело на нејзината кариера да оди надолу.
Имено, таа била уапсена во 2007 година кога полицијата и открила марихуана и количина на алкохол во крвта поголема од дозволената. Со години потоа се обидувала да најде начин да се справи со зависноста, а во 2017 година завршила на психијатриско лекување.
Имено, тогаш соседите ја забележале облечена само во кошула како виси на оградата на дворот и викала дека мајка и е вештерка, а го спомнала и крајот на светот.
Соседите повикале полиција поради можно предозирање, а Миша доброволно решила да оди во болница. Актерката била хоспитализирана порано, во 2011 година, а лекарите се обиделе да утврдат дали боледува од психичко растројство поради кое се самоповредува.
Очекувано, нејзината долгогодишна зависност од алкохол и тоа како оставила трага, а еднаш завршила во болница затоа што го мешала со апчиња.
Актерката денес има 34 години, на Инстаграм ја следат речиси 500 илјади луѓе, а многумина не би рекле дека е поранешна ѕвезда.
Папараците се уште ги следат нејзините стапки, а погледнете колку се променила со текот на времето: