Поради геј сцената во Јужни ветар, актерот добива смртни закани

535 прегледи

Откако на српската телевизија се емитуваше епизода од серијата Јужни ветар во кој неговиот лик се бакнува со друг маж, актерот Милош Тимотијевиќ започнал да добива закани преку социјалните мрежи.

Милош, кој го игра ликот на корумпираниот полицаец Ступар, откри дека сцената не му сметала, но дека е шокиран од рекциите на јавноста.

„Таа сцена за мене не е ништо страшно, страшно ми е што се крена толкава прашина поради еден геј бакнеж. Тоа е доказ колку ние сме мала и примитивна средина во која луѓето не разбираат што е глума и улога. Но, повеќе ме загрижува тоа што гледам дека во Србија потешко им падна тоа што Ступар е геј, отколку корумпиран полицаец“, рекол актерот за Блиц.

Тој додал дека поради сцената добил стотици заканувачки пораки, а тврди дека повеќето од нив се од деца помлади од 15 години.

https://www.youtube.com/watch?v=UbXrD7-G840

„Откако излезе епизодата, добив бар 100 пораки со омраза на социјалните мрежи, претежно од деца до 15 години. Сега ме прозиваат мене и многу ми е чудно тоа што луѓето во 21 век го поистоветуваат актерот со ликот, а повеќе ме шокира тоа што се груби и полни со омраза кон хомосексуалната заедница. Зошто родителите воопшто им дозволуваат на децата да гледаат таква содржина и зошто немаат контрола. Серијата Јужни ветар е полна со насилство и друга содржина која не е соодветна за деца“ рекол актерот.

За пораките рекол дека не сака да им дава важност.

„Не одговарам на такви пораки, не сум тука за да воспитувам деца, тоа би било контрапродуктивно“, заклучил.

Слични содржини