Поради климатските промени во Виена ќе бидат засадени 19 нови видови дрвја

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Во Виена поради промената на климатските услови, односно повеќе топли денови, ќе бидат засадени 19 нови видови дрвја кои се поотпорни на топлина, меѓу кои јавор, келеутериа, фенер дрво итн, се вели во соопштението на канцеларијата на Град Виена.

Во текот на летото почесто се полеваат градските дрвја. Младите дрвца кои не се наводнуваат со автоматскиот систем, добиваат вода еднаш неделно и се покриени со бела обвивка за да се заштитат од високи температури.

Во Виена се применува релативно нов систем, принципот на сунѓереста структура на уличните површини.

Почвата под пешачките патеки, паркинзите или улиците е порозна, дрвјата добиваат повеќе простор да ги рашират своите корени и можат да апсорбираат повеќе вода, а дополнителен ефект е создавање простор за задржување на дождовницата, што го олеснува канализациониот систем и им обезбедува на дрвјата вода за време на сушни периоди.

Слични содржини