Пирс Морган, еден од најострите критичари во Велика Британија на Меган, војвотката од Сасекс, поднесе оставка како домаќин на Добро утро Велика Британија. Оваа информација ја објави ITV во вторникот, откако илјадници поплаки беа испратени до британската регулаторна агенција.
Според светските медиуми, пристигнале повеќе од 40.000 поплаки поради коментарите на Морган на сметка на Маркл.
Во емисија емитувана во понеделникот наутро, Морган рече дека „не верува ниту збор“ на Меган, која во интервју за Опра Винфри рече дека Бакингемската палата ја малтретира, а конкретно се осврна на нејзините тврдења дека се чувствува депресивно и дека има самоубиствени мисли и дека не и била понудена помош.
Морган, исто така, се праша дали коментарите за бојата на кожата на нероденото бебе на Меган се нужно расистички.
„По разговорот со ITV, Пирс Морган одлучи дека е време да ја напушти „Добро утро Британија“. ITV ја прифати неговата одлука и нема што повеќе да додаде“, изјави портпаролот на оваа медиумска куќа.