Поради користење дрога, триесет членови на престижната норвешка кралска гарда ќе бидат отпуштени

од Берта Китинска
136 прегледи

Триесет членови на престижната норвешка кралска гарда ќе бидат отпуштени поради користење нелегални дроги за време на одмор, соопштија денеска норвешките вооружени сили.

Армијата беше информирана за употреба на нелегална дрога меѓу регрути за време на приватна забава летово. Првично, петмина признаа дека користеле дрога, а други 25 подоцна се изјаснија оти го сториле истото.

Засега нема детали околу тоа за какви дроги станува збор.

Слични содржини