Поради македонскиот јазик не може да се потпише договорот со Фронтекс, велат од ЕК

од Nikola Popovski
678 прегледи

Договорот за управување со границите помеѓу ЕУ и Северна Македонија останува блокиран од страна на Бугарија затоа што оваа земја не го признава македонскиот јазик, објави МИА по соопштение од Европската комисија.

Како што е познато, договорот со агенцијата на ЕУ, позната и како Фронтекс, е заглавен три години, а Бугарија одбива да го потпише поради јазичната клаузула.

Овој договор, потпишан со останатите земји од регионот, треба да и овозможи на ЕУ во случај на бегалска криза, на пример, да распореди свои полициски офицери на македонската граница, заедно со домашната полиција.

Пред три години тогашниот заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работна посета на Брисел оствари средба со Димитрис Аврамопулос, Еврокомесар за миграција и внатрешни работи.

На средбата Вицепремиерот Османи ја претстави содржината на новиот реформски План 18 со посебен акцент на имплементацијата на реформите во делот на борбата против организираниот криминал и корупцијата односно на делот со миграциите т.е. унапредување на соработката со Фронтекс.

„Носам добри вести од Скопје, каде вчера, Владата, донесе одлука со која го усвои текстот на Договорот меѓу Република Македонија и Европската Унија, со кој се регулира статусот на пограничните служби и соработката со европските погранични органи – ФРОНТЕКС“, истакна Османи на средбата, испраќајќи притоа отворена покана до еврокомесарот Аврамопулос за посета на земјава на која би се потпишал и официјализирал овој договор.

Сите други земји ја имаат оваа клаузула каде се наведени јазиците, во случајот на Босна и Херцеговина се наведени сите три официјални јазици. Но, Бугарија бара да стои „јазиците на страни потписнички“, што е неприфатливо за македонската страна, бидејќи Северна Македонија би била во тој случај единствена земја за која не е наведен јазикот.

Слични содржини