170
Поради најавата за снег и температури околу и под нулата, Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните доколку немаат неопходна потреба попладнево и вечер со своите возила да ги избегнуваат сите планински превои и други вообичаени критични точки при снежни врнежи.
Граѓаните доколку патуваат да користат (или со себе да носат) зимска опрема, препорачуваат од ЦУК.
– Ги повикуваме возачите на тешки товарни возила да бидат исклучително совесни и внимателни, да користат зимска опрема и да ги почитуваат сите евентуални препораки и забрани од МВР, објави ЦУК на Фејсбук.