44
Судскиот совет на денешната 500-та седница разгледуваше и одлучуваше по барања за времено упатување на судии во друг суд, поради недостатокот на судиски кадар со кој се соочуваат судовите ширум земјата.
Со одлука на Советот, судијата Драган Јаковлески од Основниот суд Битола ќе биде времено упатен во Основниот суд Крушево, каде покрај судиската функција ќе ја извршува и функцијата в.д. претседател на Судот.
Одлука за времено упатување беше донесена и за судијката Благица Ѓошевска од Основниот суд Крива Паланка, која подолго време ја извршува судиската функција во Граѓанскиот суд Скопје. Со осум гласа „за“ и два „против“, временото упатување на судијката Ѓошевска ѝ беше продолжено за уште шест месеци.