Поради него плачеше целиот свет, а денес не би го препознале: Еве како сега изгледа момчето од „Чудо“(ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
310 прегледи

Шеснаесетгодишниот Џејкоб Трембли, иако многу млад, ги освои срцата на публиката ширум светот со забележителни улоги во бројни филмски продукции.

Откако се појави во серија реклами, тој го имаше своето филмско деби во „Штрумфови 2“ кога имаше само седум години.

Сепак, најголемо внимание привлече со улогата во филмот „Чудо“ во 2017 година во кој глумат Овен Вилсон и Џулија Робертс.

Станува збор за трогателна приказна за Август Пулман, десетгодишно момче со тешко генетско нарушување поради кое има изобличено лице. Август имал дури 28 операции, па не можел ни редовно да оди на училиште.

Кога наполнил 10 години, родителите сепак го запишале на училиште, а потоа почнале разни стравови, недолични коментари кои момчето ги добивал од другарите и бројните понижувања.

Трембли се истакна во оваа улога и за неа доби бројни награди.

Покрај ова, Џејкоб го видовме во филмски и телевизиски продукции како „Соба“, „Предатор“, „Д-р Слип“, „Американски татко“, „Животни“ и други, а сега се појавува и во најновата верзија на „Малата сирена“ која неодамна беше премиерно прикажана во Лос Анџелес. Тој го позајми својот глас на Фландер.

Џејкоб Трембли многу се промени од периодот кога глумеше во филмовите „Соба“ и „Чудо“ по кои публиката најдобро го памети, а многумина коментираа дека никогаш не би погодиле дека се работи за истото момче.

Слични содржини