ПОРАДИ ОБЈАВА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Ирска започна истрага против Фејсбук

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Комисијата за заштита на податоците во Ирска (DPC) денес објави дека покренале истрага против компанијата Фејсбук, откако беа објавени личните податоци на околу 533 милиони корисници на Фејсбук ширум светот.

Фејсбук минатата недела преку објава на блог објави дека „злонамерни актери“ ги добиле податоците пред септември 2019 година, користејќи ранливост во алатката за синхронизација на контактите на таа социјална мрежа, пренесе Ројтерс.

DPC изјави дека, имајќи ги предвид информациите обезбедени од Фејсбук, смета дека една или повеќе одредби од Општата регулатива на ЕУ за заштита на податоците (GDPR) и Законот за заштита на податоците од 2018 година „може да бидат прекршени, а сега се кршат по прашањето за лични податоци на корисниците на Фејсбук“.

Портпаролката на Фејсбук не даде коментар за истрагата.

DPC е водечки регулатор на Европската унија за Фејсбук, Епл, Гугл, и други технолошки гиганти.

Слични содржини