Поради овие фотографии од Џенифер Лопез, многумина мислат дека нешто не е во ред со пејачката

од Stefanija Kuzmanovska
762 прегледи

Џенифер Лопез е една од најатрактивните пејачки и актерки, а е позната личност која не пропушта тренинзи.

Поради посветеноста на фитнесот, многумина ја ценат и истакнуваат дека е за пофалба што посветено вежба на 53 години.

Вежбањето дефинитивно ѝ помага да изгледа младолико во шестата деценија од животот, но сега е фотографирана во неколку „незгодни“ пози, а некои корисници на социјалните мрежи едвај чекаа да ја критикуваат.

По тренингот, Џенифер беше фотографирана во тесни хеланки и со разбушавена пунџа, како што изгледаат повеќето жени после тренинг.

Сепак, некои решија тие фотографии да ги гледаат како „доказ“ за нејзината лоша психичка состојба и по којзнае кој пат почнаа приказни за проблемите во бракот со Бен Афлек.

Да потсетиме, тие пред две години ја обновија љубовта по две децении, но оттогаш озборувањата за нивен развод не престануваат.

Слични содржини