Споулавена група од 120 патници цели 12 часа го тероризирала екипажот на белградскиот аеродром и полицијата.
Лудата журка на 120-те пијани патници почнала за време на летот на линија Даблин-Измир.Журката се претворила во вистинска драма во воздух. Пилотот на турската компанија „Сан експрес“ бил принуден авионот принудно да го спушти во Белград.
Во центарот на драмата бил 37 годишен Ирец кој се нафрлал на стјуардесите во авионот, скокал по седиштата на патниците, а потоа правел проблем и со полицијата на аеродромот „Никола Тесла“.
-„Ирецот беше цел со тетоважи, мортус пијан, навредуваше. Полицијата му ставила лисици и го задржала се додека не се отрезнил.“-вели сведок на инцидентот.
Но, со тоа не завршил инцидентот. Група од 15 најпијани патници почнала да ги тероризира сите кои се затекнале во аеродромската зграда. Журката продолжила по ходниците и покрај тоа што полетувањето на авионот кој принудно слетал било закажано за неколку часа подоцна.
За три часа, тие исипиле 250 пива во двете аеродромски кафулиња.Толку пива се продавале за една цела дневна смена. Цело време пееле, довикувале, вриштеле.
Најстрашното следело на крај. Една Иркиња од групата на пијаните патници кои биле облечени во пижами, била толку пијана што урлала по полицајците и келнерите и им нудела секс.
Пилотот на авионот на крај одбил да ја качи пијаната Иркиња и нејзиниот багаж бил исфрлен од авионот, кој конечно полетатал кон Турција.