Поради пожарот кај „Јасен“ патот Скопје – Македонски Брод затворен за сообраќај

од desk2
11 прегледи

Поради пожарот во националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Скопје – Македонски Брод е затворен секаков вид на возила, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму додаваат и дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини, според информациите од АМСМ, е зголемен.

Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

Слични содржини