Поради селфи настрадал од крокодил: Мислел дека е статуа, па влегол во базен да се слика

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Еден од посетителите на забавен парк на Филипините помислил дека во базенот има статуа на крокодил. Сакајќи да направи „селфи“, влегол во базенот и се соочил со вистинско животно, кое одмарало.

Очекувано, го разбудил ѕверот од сон. Каснувањето од крокодил е една од најголемите сили во животинското царство, што човекот го почувствувал на раката. Сè било пропратено со офкање и плачење на жртвата и околните посетители.

Очајно се борел додека не бил ослободен. Тој останал на нозе и со нефункционална рака, а кога се намалил адреналинот, тој колабирал од недостиг на крв и веднаш му била укажана прва помош.

Како што понатаму се наведува, семејството ја обвинува управата на забавниот парк затоа што не означиле со знаци дека се работи за вистинско животно. На мажот му биле скршени и неколку коски, а тој се здобил со осум повреди на раката и бутот за кои било потребно шиење.

Слични содржини