Поради „Sieg Heil“ навивачите на Барса не можат да дојдат во Белград

од Milan1
28 прегледи

Навивачите на Барселона добија забрана за доаѓање на натпреварот против Црвена Звезда во Лигата на шампионите поради расистички пароли. На натпреварот против Монако во Лигата на шампионите, на трибините на навивачите на Блауграна беше истакнат транспарент „Флик Хеил“.

Иако пораката е упатена до тренерот Ханси Флик, тоа е јасна алузија на злогласниот нацистички поздрав „Sieg Heil“.

Барса е казнета со 10.000 евра и забрането е да им продава билети на своите навивачи за следното европско гостување, а тоа е она во Белград.

Доколку вакво нешто се повтори, ќе биде суспендиран на една година.

Натпреварот помеѓу Звезда и Барселона ќе се одигра на стадионот „Рајко Митиќ“ на 6 ноември.

Слични содржини