65
Поради врнежи од снег, попладнево од 16.20 часот е забранет сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, соопшти АМСМ.
Еден час претходно поради снег е воведена забрана за движење тешки товарни возила и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец Маврово – Дебар.