Поради сообраќајна незгода, од попладнево од 18.30 часот, во прекин е сообраќајот во двата правци на патниот правец Струмица – Ново Село, пред граничниот премин „Ново Село“.
Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.