Поради судијата, натпреварот Реал Мадрид – Севиља може да се преигра

од Vladimir Zorba

Победата на Реал Мадрид над Севиља од 1-0 во неделата би можела да биде поништена и да се преигра натпреварот поради прекршување на судиските правила, пишува „Спорт“.

Проблемот е во судијата Карлос Фернандез Буерго, кој по еден час игра седна на местото на повредениот главен судија Исидро Ескудеро. Буерго вообичаено беше четврти судија, но мораше да го заврши натпреварот како судија поради повредата на неговиот колега.

Сепак, има информации дека дотичниот Фернандез Буерго ја нема потребната лиценца да биде главен судија на натпревар од Ла Лига во кој се користи ВАР. Ова го тврди поранешниот водечки судија во Ла Лига, Хавиер Естрада Фернандез.

Се чека став од шпанската фудбалска лига од каде или ќе ја потврдат или ќе ја демантираат информацијата. Во овој случај, Севиља – во нивната улога како тим оштетен од загубата – мора да поднесе жалба за да инсистира на можно повторување.

Слични содржини