Австралискиот актер Расел Кроу (57) стана познат по улогата во филмот „Гладојатор“, за кој во 2001 година беше награден со Оскар, а жените полудеа по неговото мускулесто тело.
Расел, сепак, денес изгледа поинаку и е далеку од секс -симбол. Актерот беше фотографиран на тениско игралиште со 26 години помлада девојка, агентот за недвижности Бритни Тероиту.
Парот заедно одигра натпревар на едно од нивните омилени места, а папараците го овековечија и моментот кога славниот актер отиде на страна да запали цигара и да се освежи со пијалок.
Кога завршија со тренинзите, не можеа да ги контролираат страстите, па си разменија нежности.
Фотографите го снимија и моментот кога актерот го смени дуксерот, а стомакот се појави во прв план.
Иако во последните неколку години ослабна благодарение на диетата, масните наслаги на стомакот се уште се видливи.
Сепак, тој ја скрати косата и брадата, поради што изгледа повеќе како порано.
Странските медиуми еднаш напишаа дека Расел се срамел да ја напушти куќата, а причината е неговиот изглед.
Тој сака да му се покаже на светот само кога неговото тело ќе изгледа малку подобро. Се срамел од тие негови фотографии со стомакот. „Сака да јаде, особено стекови и брза храна. Тешко му е да премине на поздрав начин на живот “, рекоа неименувани извори за Page Six минатата година.
Инаку, последната година се шпекулираше за врската помеѓу Расел и Бритни, кои заедно се појавија во филмот „Скршен град“ во 2013 година, а романсата ја потврдија во ноември минатата година.
Јавноста често коментира дека младата девојка на актерот е копија на неговата поранешна сопруга Даниела Спенсер, од која се разведе во 2018 година по 15 години брак.
Поранешниот пар ги има синовите Тенисон и Чарлс, а Расел беше тој што тешко го прифати разводот од Даниела.