Поради закана од бомба авион се врати на аеродром, сите останаа шокирани од она што беше пронајдено во тоалетот

од Nikola Popovski
330 прегледи

Патниците на летот од Панама до Тампа, Флорида останале шокирани откако авионот се вратил на аеродромот поради сомнителна закана за бомба. Набрзо се покажало дека станува збор за лажна тревога, со оглед на тоа дека бомбата всушност била пелена за возрасни за еднократна употреба.

Патниците на летот на „Копа ерлајнс“ кој летал од Панама до Тампа биле шокирани кога персоналот на авионот им рекол дека се враќаат во Панама бидејќи во авионот имало бомба.

Сите 144 патници се евакуирани. Полицијата ги презела сите безбедносни мерки, го обезбедила авионот и почнала да ја бара бомбата.

Набрзо се покажа дека станува збор за лажна тревога, пишува „The Guardian“. Наместо бомба, во авионот била пронајдена пелена за еднократна употреба за возрасни.

Хозе Кастро, шеф на единицата за безбедност на аеродромот, изјавил дека во еден од тоалетите имало сомнителен предмет.

„Авионот слета на безбедна писта каде полициските кучиња и специјалните сили го прегледаа и утврдија дека се работи за пелена за возрасни и дека нема никаков ризик“, изјавил Кастро.

Патниците се качиле на друг лет набргу по лажната тревога и го продолжиле патувањето, соопштиле од „Копа ерлајнс“.

Слични содржини