Порака на Милена Радуловиќ за 8 март до сите жени

од Stefanija Kuzmanovska
418 прегледи

Актерката Милена Радуловиќ, која го обвини својот учител по глума Мика Алексиќ за силување и сексуално вознемирување и со тоа ги охрабри да се појават другите жртви на споменатиот професор, се огласи на Инстаграм по повод Денот на жената, со цитат од Роза Луксембург, додавајќи ја и својата порака упатена до сите жени.

-Во општество во кое жена прва се спротивставува против жена, како што често се случува во нашето, нема да има напредок и безбедност, кои на секоја жена ѝ требаат очајно за да слободно цвета, создава и раѓа. Само во општество каде што знаеме дека можеме да сметаме едни на други, во целата наша упорност, убавина и сила, ќе ги реализираме целосно своите потенцијали и ќе го „родиме“ светот во кој нашите ќерки ќе бидат сестри едни со други. Јас и самата неодамна почувствував дека кога ние, сестрите, ќе се обединиме, нема посилна сила. Новата женска револуција на взаемна љубов и поддршка не смее да запре. Ве сакам жени! Ви благодарам“, напиша Милена.

Слични содржини