Конфликтот во Украина јасно стави до знаење дека меката моќ не е доволна, па затоа Европската унија треба да стане воена сила.
Ова денеска го изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, по пристигнувањето на вториот ден од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.
„Она што го научивме од украинската војна е дека трговијата не е доволна, владеењето на правото не е доволно, не е доволно да се биде добра цивилна сила, ние мора да бидеме и воена сила“, истакна Борел, пренесува ТАСС.