Порамнување на седум планети: Гледајте го небото вечерва, затоа што следната шанса е во 2040 година

од Vladimir Zorba
39 прегледи

Седум планети ќе се израмнат на ноќното небо вечерва, што нема да се повтори дури во 2040 година. Ваквите појави, при кои на небото можат да се видат неколку планети во исто време, се нарекуваат и „планетарни паради“.

Астрономот од Кралската опсерваторија Гринич Грег Браун вели дека „парадата“ е поимпресивна колку повеќе планети учествуваат во неа и колку се повидливи. Затоа вечерва ќе биде многу впечатливо.

Сите седум планети од Сончевиот систем (покрај Земјата) ќе се порамнат, иако нема да биде подеднакво лесно да се забележат.

– Меркур, Нептун и Сатурн се многу блиску до хоризонтот, особено Нептун и Сатурн, така што ќе биде тешко да се забележат за време на самракот. Уран, како и Нептун, се многу слаби и речиси е невозможно да се најдат без двоглед или телескоп – вели Браун.

Од друга страна, Венера, Јупитер и Марс ќе бидат лесно видливи со голо око.

„Планетарна парада“ на четири или пет планети видливи со голо око се случува еднаш на неколку години.

– Групите од три, четири, па дури и пет видливи планети не се невообичаени. Сепак, колку повеќе планети се вклучени, толку повеќе нешта треба да се усогласат одеднаш. „Затоа парадите на седум планети се ретки“, истакнува Браун.

Следното усогласување ќе се случи во 2040 година.

Сличен настан се случи минатиот јуни, но само две планети беа видливи со голо око. Шест планети беа видливи во јануари, но сега се приклучи и последната, Меркур.

Венера, Марс и Јупитер се лесно видливи. Сатурн и Меркур ќе бидат послаби бидејќи се поблиску до хоризонтот, но може да се видат и без помагала. За Уран и Нептун, сепак, ќе бидат потребни двогледи или телескоп.

– Планетарните порамнувања се случуваат затоа што планетите во нашиот систем орбитираат околу Сонцето на приближно иста патека, позната како еклиптична рамнина. Бидејќи се движат со различна брзина и се на различни растојанија од Сонцето, овие феномени се случуваат кога се појавуваат во линија кога се гледаат од Земјата“, објаснува Шјам Балаџи од Кралскиот колеџ во Лондон.

Слични содржини