Грант Харолд, поранешен батлер на принцот Чарлс, во интервју зборувал за вниманието кое го добивал од тогашниот шеф.
Тој за Mirror изјави дека неговите колеги и тој добивале честитка од Чарлс, Хари и Вилијам за Божиќ, но тоа не е се.
Харолд и екипата добивале и необични подароци, па принцот Чарлс еднаш му подари на Харолд конзерва од лосос, а потоа комплет за сол и бибер завиткан со машна.
„Секогаш го сметав тоа за бизарно затоа што не очекувате такви ситници. Тоа ја покажува неговата забавна и практична страна. Што се однесува до вистинските подароци, тие секогаш би биле шолји за чај или чаши за виски. Една година добив бокал за вода“, истакнал Грант.
Харолд исто така му давал подароци на својот шеф. Објаснил дека е тешко да се најде подарок за некој кој има се како Чарлс, па затоа се одлучил за „слатки подароци“, како мед.