Поранешен француски претседател: Договорите од Минск и дадоа време на Украина да ја зајакне својата војска

од Radmila Tasevska
184 прегледи

Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, денес изјави дека Украина сега има многу подобро обучена и опремена армија отколку што имаше во 2014 година, а Киев доби можност да ги зајакне своите воени капацитети благодарение на договорите од Минск.

Оланд, кој беше претседател на Франција во периодот од 2012 до 2017 година, во интервју за „Kievdependent“ ги потврди претходните тврдења на Ангела Меркел дека целта на договорите од Минск од 2014 година е Украина да добие време.

Тој изјави дека сегашниот успешен отпор на украинската армија е резултат на дипломатските вештини на Франција и Германија.